Фото: Meta

Meta, кои веќе одамна се сопственици на WhatsApp, добија тужба од група на луѓе преку која се тврди дека од компанијата, кратко кажано, лажат дека разговорите преку оваа апликација се целосно заштитени. 

Според тужбата, иако WhatsApp го користи познатиот и проверен Signal протокол, од компанијата наводно прават измени кои им овозможуваат пристап до шифрираните разговори до кои никој не би требало да има пристап, освен страните кои комуницираат. 

Дали ова е вистина, останува да видиме, ако воопшто може да дојде до исход кој би дал повеќе информации, но ако се прашуваат Елон Маск и Павел Дуров, веќе ја имаме потврдата. 

Ден подоцна од компанијата претставија нова функција кај WhatsApp која е наменета за заштита од софистицирани сајбер напади, токму на корисниците кои имаат поголем ризик од некој да се обиде да ги прочита нивните пораки, новинарите и јавните личности. 

WhatsApp Strict Account Settings е името на новата функција и истата во основа ги вклучува сите прилагодувања кои треба подобро да го заштитат корисникот. Тие ги вклучуваат прилагодувањата како автоматско блокирање на прикачени датотеки од непознати испраќачи, исклучување на известувањата за повици од непознати корисници, како и дополнителни прилагодувања кои влијаат на тоа како функционира апликацијата. 

Фото: Meta

Секако, ништо од ова не е важно доколку Meta навистина има пристап до пораките кои треба да се од-крај-до-крај шифрирани, но тоа нема начин засега како да го потврдиме. 

Од компанијата излегоа и со објава на X преку која ги негираат ваквите тврдења, а и во најавата на новата функција за заштита тие го повторуваат тврдењето дека пораките се целосно заштитени.