По давањето на официјално име на Project Kuiper, Amazon и официјално започна со тестирање на нивната конкуренција на Starlink од SpaceX.
Amazon Leo е името на сервисот, а од компанијата ја претставија и Amazon Leo Ultra антената која според нив го донесува најбрзиот сателитски интернет.
Исто како и Starlink, Amazon Leo функционира преку голема бројка на сателити поставени во ниската орбита на Земјата, па поради тоа доволна е само една антена за да може да се користи сервисот, наместо и локален дополнителен сервис како порано.
Amazon моментално има „само“ 150 сателити, а оваа бројка со тек на време ќе стане доста поголема.
Amazon Leo Ultra антената е наменета за бизнисите, а неколку компании ќе имаат шанса да ја тестираат пред официјалното пуштање на Amazon Leo за повеќе корисници идната година.
Антената овозможува брзини до 1 Gbps за симнување, односно до 400 Mbps за качување на податоците. Тоа дефинитивно го прави сервисот најверојатно и најбрз моментално, а ќе почекаме да ги видиме и официјалните искуства.
Покрај големата брзина, Amazon Leo на бизнисите им овозможува и шифрирана комуникација, како и директна поврзаност со AWS сервисот од Amazon.
Amazon Leo Ultra антената функционира со чип развиен од страна на компанијата, а од Amazon истакнуваат максимизирање на протокот на податоци и минимизирање на „латенцијата“.
Starlink меѓу другите, има достапност и во Македонија, па ќе видиме дали и Amazon Leo ќе го направи истото и со какви цени, иако во нашата земја поретки се локациите без интернет мрежа.












































