battery-energy-icon

Модерните телефони можат да пресметуваат патека на проектили и да прикажуваат напредна 3Д графика во реално време, но сепак издржуваат само неколку часа во автономија т.е. надвор од полнач. Состојбата со батериите во модерната електроника е катастрофална.

Сепак, светот не стои во ова поле иако досега нема можност да направи значаен чекор напред. Пред малку пишувавме за новите типови на батерии (базирани на алуминиум-јон комбинацијата) и како тим од научници успеа да ги направи супербрзи при полнење. Од друга страна, Google работи на подобрување на сегашната литиум-јонска технологија. Во 2012 година Д-р Рамеш Бхардваж, батериски експерт порано вработен во Apple, во Google-X започна со тестирање на нови типови на батерии кои им требаат за нивните иновации во разни домени и во стандардни електронски уреди.

Едната од соработките на оваа тема е меѓу Google и AllCell Technologies, компанија од Чикаго, САД. Тие нивната технологија сакаат да ја користат за Project Loon, проектот на Google за атмосферски балони кои ќе даваат Интернет врска насекаде во светот. Нивната идејата е стандардните литиум-јонски батерии да се обложат со восок и графит, што ќе овозможи да се оддржува стабилна температура на батериите и да не бидат оштетени од ниските температури.

Дополнително, тимот на Бхардваж работи и на развивање на батерии од цврсти материјали кои се побезбедни, свитливи и имаат потенцијал да држат огромен полнеж. Идејата на неговиот тим е да создаде вакви батерии преку лепење на повеќе слоеви тенок филм кој ќе држи полнеж (слично, но не идентично на слоевите во кондензаторите од проводник и изолатор кои држат полнеж).

На Google им е потребна подобра батериска технологија за најразличните проекти во кои се влезени: автономни возила, Интернет насекаде во светот, производство на Nexus таблети и телефони, Chromebook и така натаму. Впрочем, на сите нас ни треба подобрување на сегашната батериска технологија.

Извор: Valuewalk, Wall Street Journal, Apple Insider

Претходна статијаWindows 10 TP 10051 за телефоните донесува многу добри новитети
Следна статијаApple ја најави WWDC 2015 конференцијата – Ќе се одржи од 8-12 Јуни