Google и Johnson & Johnson (една од најголемите американски фармацевтски компании) ја најавија својата стратешка соработка за создавање на платформа за роботска хирургија, која ќе има задача да им помогне на хирурзите во нивната работа.
Идејата е преку употреба на повеќе компатибилни технологии да им се овозможи далеку поголема прецизност на хирурзите, кои со помош на оваа прецизност ќе можат да ја намалат инвазивноста на операциите и да помогнат во попрецизното и побезбедно оперирање како и во побрзото заздравување на пациентите.
Тимот Life Sciences на Google се надева дека преку користење на сензорна и друга визуелизирачка технологија ќе можат да достават до хирурзите многу детални слики и податоци, како позицијата на крвни садови или површината на простирање на ракот. Овие информации ќе ги доставуваат како дополнителен слој врз веќе постоечкиот врз кој оперираат хирурзите, што значи дека тие нема да мораат да гледаат во повеќе екрани за да пристапат на овие информации.
Според Гери Пруден, водачот на глобалната група за хирургија на Johnson & Johnson, соработката со Google е „… уште еден битен чекор кон нашата посветеност на напредна хируршка грижа, и заедно целиме кон употреба на најдобрата светска научна технологија и хируршко знаење во рацете на медицинските тимови ширум светот“.
Како што се подобрува секоја друга гранка на технологијата, а со тоа го подобрува квалитетот на животот со поврзаните човекови области, истото се случува и со медицината, на што токму сме сведоци со ваквите вести.
Извор: NDTV, The Next Web, Johnson & Johnson