WS_June_LA_KitchenBlur

Едно време да се направи квалитетен и вкусен ручек беше вештина за натпревар меѓу домаќинките, но во последно време тие се` повеќе почнаа да се занимаваат со посуштински работи во животот, како бирање на вистинскиот филтер за на Instagram. Како и да е, ако сте или имате домаќинка која често знае да го загори или утне ручекот, June Oven е токму уредот за вас.

Се работи за рерна која ја препознава вашата храна, а потоа ја готви соодветно правејќи ја уште подобро зготвена. Тоа секако значи дека прави и потешко да се утне во готвењето. June Oven во себе има внатрешна камера, 5 инчен екран осетлив на допир, греачи, мануелен сензор за температура кој го сместувате каде што сакате, и едно физичко копче. Нејзините дизајнери ја научиле да препознава многу типови на храна преку камерата која е сместена внатре и заштитена зад заштитно стакло. Камерата служи за препознавање на храната и воедно да можете да видите што се случува внатре без да мора да ѕиркате низ капакот.

Засега June Oven ги препознава следниве типови храна: стек, пилешко, бела риба, лосос, сланина, колачиња (cookie dough), брауни, тост, полско лепче (бејлгел), и лепчиња за хамбургер. Потоа, со помош на своите греачи кои се поставени насекаде по внатрешнината точно ја одредува топлината која треба да пристигне од секоја страна, создавајќи одлично зготвено јадење.

Засега June Oven препознава јадења (на кои инженерите работат да ги зголемат во бројност), но се планира и напредна контрола преку мобилна апликација на која корисниците ќе можат да си одберат точен циклус на готвење за одредено јадење.

Наскоро се очекуваат информации за можноста за нарачка на овој интересен уред, а во меѓувреме ве охрабруваме да го разгледате и следниов уред: Genie – автоматизираниот создавач на храна. Тоа што е дополнително интересно околу June Oven е што половина од тимот на инженери доаѓаат од Apple. Дали тоа би значело дека Apple можеби планирале ширење кон бизнисот со храна во случај ако потрошувачката технологија некогаш престане со огромните маржи со кои ги наградува? Засега не можеме да знаеме.

Извор: June Oven, The Verge

Претходна статијаHolus – Парче технологија која може да претвори 2Д во 3Д слика користејќи паметен трик
Следна статијаZTE ќе го лансира првиот телефон со Ultra HD екран