Претставувајќи го долгорочниот план за инвестирање во градската инфраструктура, лондонскиот градоначалник Boris Johnson вети дека градот ќе биде првиот во светот кој што ќе биде целосно покриен со 5G мрежа. Според него, жителите ќе можат да симнат филм на нивните мобилни уреди за помалку секунда. Инаку 5G безжичната технологија се’ уште не е дефинирана како стандард и е во развој. Планот за покривање на градот со мрежата е таа да биде целосно функционална до 2020 година, а истиот се изработува во соработка со University of Surrey.
Според градоначалникот на Лондон, градот полека станува технолошкиот центар на Европа, па нормално е да се очекува развој на вакви мрежи. Информации за брзините достапни преку мрежата ќе бидат јавно достапни и редовно мерени, по што ќе се интервенира на местата каде што е потребно подобрување на мрежата. Ова е важно поради проблемите кои што денес повеќето корисници ги имаат со достапноста на 3G мрежата, како и брзината која што може да се добие на разни локации во градот.
Извор: The Telegraph, Engadget