Многумина од нас не се големи љубители на лепенките кои што се наоѓаат на нашите ранци, облека, па дури и обувки. Тоа е затоа што тие се бучни, собираат нечистотии и ја губат својата функционалност со тек на време. Од друга страна пак магнетите се ефикасни, не создаваат звук како лепенките, и не собираат нечистотии. Магнетите MagLatch кои се дизајнирани од страна на Peak Design се создадени за користење со една рака, и се комбинација од магнет и механичко копче. Тие се идеалното решение особено кога станува збор за ранци, а како најдобар пример за тоа е „секојдневниот ранец“ дизајниран од страна на Peak Design.

Една од најважните карактеристики на MagLatch магнетите е тоа што се тивки. Тоа ги прави идеални за училишни ранци и бизнис актовки. Јачината на магнетот е доволно „слаба“ за да може лесно да се користи. Овие магнети може да се најдат на некои интересни производи, како што се North Face патиките, IXS шлемовите, итн.

Кога станува збор за ранците, Timbuk2 презентираше ранец со три магнетни копчиња вградени на него. Овој ранец е наречен Robin Pack. Тоа е водоотпорен ранец кој има многу скриени карактеристики. На прв поглед изгледа мал, но неговиот капацитет може да се зголеми по потреба. Прилагодливиот магнетен „капак“ помага тежината што се наоѓа во ранецот да се распредели рамномерно. Ова е добра вест за тие што користат ранци, без разлика дали станува збор за планинарење или секојдневна употреба.

Извор: TheVerge

Претходна статијаСамсунг го претстави новиот Gear VR уред со управувач
Следна статијаNokia 3310 се врати – ретро шармот е освежен со неколку модерни елементи