quietest-place-inside_tcm25-399433

Навечер пред легнување веројатно ви пречат звуци. Па затворате прозорци и врати, можеби дури и ставате тампони во уши и го доведувате надворешниот звук од десет до триесет децибели. Задоволни со екстремната тивкост, заминувате во светот на фантазијата. Сепак, дали е тоа навистина високо ниво на тишина?

Според мерења во нормални услови, просечен човек може да примети разлика во звук од 1 децибел, а најтивкото нормално приметно (како на пример, отчукување на рачен часовник на еден метар далечина) е токму толку – 1 дБ. Што велите за ниво на гласнина од -20,6 дБ? Токму ова го имаат постигнато од Microsoft кои од својата Audio Lab го направија најтивкото место на светот.

Тоа е и официјално потврдено како нов гинисов светски рекорд во тишина. Седењето на такво место (анехоична комора) дезориентира, и човек кој поминал барем малку време во глува соба на професионално аудио секако осетил непријатно чувство. Тоа е поради тоа што не постојат природните звуци кои најчесто потсвесно ги бараме за ориентација низ просторот, како мали ехоа или шушкања. Според математичка проценка, „звукот“ кој би го произведувал брауновото движење на честичките од гас би требало да е околу -23 дБ, што е многу блиску до тоа што го постигнале Microsoft.

Ако сакате да се осеќате особено нелагодно и да бидете опкружени со чудни, триаголнести форми (дифузори и апсорбери), повелете во Audio Lab на Microsoft во Редмонд, Вашингтон.

Извор: Guinness World Records, Windows Central

Претходна статијаНаучник работи на крема за сончање со помалку хемикалии
Следна статијаBoxx Apexx 1 е мини компјутер со мега перформанси