Satya-Nadella-WPC-2015-Microsoft-930x620

Мicrosoft со новиот главен директор Сатја Надела полека почнува да се враќа во технолошкиот гигант кој го знаеме и паметиме. Овој пат враќањето е во особено позитивна насока преку филантропијата.

Се работи за основање на Microsoft Philanthropies, официјална гранка на компанијата која ќе се бави со општествено-одговорни активности и помагање на немоќните. Според нив и покрај „демократизацијата“ на технологијата и нејзиното ширење до скоро сите краишта на светот, се` уште доволно не е раширена и не им помага на луѓето кои ја имаат.

Обично се работи за комбинација од сиромаштија, неедуцираност и недостапност што носи до ваквата состојба во заедниците низ светот. Microsoft Philanthropies треба да служи за да помогне во решавањето на овие проблеми и да ги организира активностите во оваа сфера кои сега се случуваат полустихијно на ниво на компанијата. Тоа значи вложување во програми за дигитална вклученост, стратешки програми за вложување на пари и технологија (на пр. донирање на таблети, телефони и други видови на технологии) и други начини и методи на помош.

Microsoft не се нови во филантропијата. Основачот Бил Гејтс преку семејната филантропска организација Bill and Melinda Gates Foundation до 2014 г. има дадено дури 44,3 милијарди долари. Да, добро прочитавте, милијарди. Иако некои негови влогови се чудни, како опсесијата со омоќување на жените и девојките, а игнорирање на мажите (особено белите) кои живеат во сиромаштија, сепак, давањето на толкаво богатство за постигнување на подобар свет барем во неговиот поглед секогаш е за поздравување.

Од друга страна на ниво на компанијата неколку пати досега беа собирани милиони долари од вработените за вложување во општествено-одговорни заедници и сектори на општеството.

Во секој случај браво за Microsoft.

Извор: Microsoft, VentureBeat

Претходна статијаVisionTek има нови SSD USB стикчиња, со голем капацитет и високи брзини
Следна статијаСамо Samsung ќе може да го користи Snapdragon 820 до април?