Американското здружение за хемија, односно одделот за воени истражувања, претстави технологија, која сѐ уште е во развој, а која вклучува комбинација од сребрени нано-жици и традиционални материјали, со цел да ги заштитат војниците од екстремни студови.

Имено, се работи за хибриден материјал чија главна намена би била заштита од екстремни студови со користење на само еден слоој облека. Материјалите кои би се користеле за производство на хибридниот материјал би го направиле одличен спроводник, па така, со мало количество на електрична енергија би можело да се создаде доволно топлина која би го заштитила телото од студ. Се работи и на развој на технологија со која носителот на ваквиот „костум“ би можел прецизно да ја контролира температурата, а стручњаците велат дека технологијата би можела да се најде и на комерцијалниот пазар.

Според некои информации со користење на ваквата технологија, температурата на материјалот би можела да достигне до дури 110 целзиусови степени, што претставува огромен потенцијал и несомнено ефикасно би можело да ги замени 7-те слоја облека кои ги вклучува армиската униформа наменета за екстремни услови.

Извор: Quartz

Претходна статијаОсмата генерација на Intel Core чипови донесува подобрување од 40%
Следна статијаБИГЗБИ – Опцијата за гласовно управување на Компанијата Самсунг сега достапна во повеќе од 200 земји ширум светот