prostheticswebfeature2

DEKA Arm е наречена првата протетичка рака која што има добиено одобрение од страна на FDA (Food and drug administration) и има способност да прави движења кои што корисникот ги има помислено. Раката е развиена од страна на компанија која што е финансирана од страна на пронаоѓачот на Segway, познатото превозно средство на две тркала на кое што луѓето стојат додека се возат. Компанијата е пронајдена како дел од проектот на DARPA, агенцијата на американското министерство за одбрана за напредни истражувања, за развој на протетиката.

Протетичката рака се поставува на ампутираната рака на корисникот и е со големина и тежина слична на таа на раката на возрасен човек. Контролата на раката се врши преку електромиограмски електроди поставени на крајот од ампутираната рака кои ги препознаваат електричните сигнали од движењето на мускулите на раката. Компјутер во протетичката рака препознава точно какво движење корисникот сакал да направи, односно би направил кога би ја имал неговата рака. Користејќи ја DEKA раката корисниците за првпат може да прават посложени движења како закопчување на патент, ракување со клучеви, како и преместување на живи јајца без да ги скршат. За подобро ракување на почетокот од раката, односно делот поставен на раката на корисникот, вибрира со што корисникот добива информација за тоа дека има допрено одреден објект, како и јачината на допирот.

DEKA раката сега треба да најде производител кој што би почнал комерцијално да ја произведува и да ја нуди во болниците, со што би станала достапна за пациентите.

Извор: TechCrunch, The Verge

 

Претходна статијаTinitell: Мал телефон/часовник со GPS за најмалите корисници
Следна статијаMotorola го претстави Moto E, евтин телефон за новите корисници
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.