1311373874408865424

Која беше најкул сцената на Марти Мекфлај од „Враќање во иднината“? Самиот пренос со автомобилот од едно во друго време. Која беше втората? Тоа што во 2015 година тој леташе летачки скирол (кој, интересно, не лета над вода). 2015 година веќе половично пројде, а ние се` уште немаме (асален) летачки скирол. Или пак можеби имаме?

Тука се од Lexus, познатата компанија за автомобили, да го променат тоа. Имено, нивниот најнов производ наречен SLIDE претставува токму тоа – лебдечки скирол (кој исто така не може да лета над вода). Се работи за промо видео објавено од Lexus, на кое се гледа скиролот од кој излегува чад. Според претпоставката чадот произлегува од потребата за ладење на суперспроводници (со течен азот) кои создаваат силно магнетно поле за да може цел човек да се качи на скиролот без тој да падне доле.

Од Lexus ветија дополнителни видеа кои ќе го покажат скиролот во разни тестови. Тие засега му го дале на професионален скиролџија да го тестира во Барселона. Сепак, треба да се земе предвид дека летачки скирол многу потешко и различно се управува во однос на „стандарден“. Самото развивање на SLIDE траело 18 месеци од тимови на Lexus во Германија и В. Британија.

Како што беше напоменато горе, SLIDE создава силно магнетно поле за да може да левитира. Тоа значи дека за неговото летање е потребна специјална површина со метал и не може да се „вози“ насекаде, што вклучува и вода. Изгледа дека навистина се враќаме во иднината. Уште да го дочекаме Мекфлај да се појави од некаде и ќе биде заокружена верзија на идната историја.

Извор: TIME, Gizmodo

Претходна статијаFord MoDe – Flex – Нов „паметен“ електричен велосипед кој ќе ве известува за дупки пред вас
Следна статијаFacebook Messenger ќе може да се користи без Facebook сметка