Беспилотните летала (популарно наречени дронови) стануваат се попопуларни со генералната популација. Отпрвин создадени како тест летала за воени цели (како и скоро секоја друга интересна технологија која ја имаме денес), тие брзо се раширија меѓу разни ентузијасти како и комерцијални ентитети кои би сакале да ги искористат за своите потреби.
Меѓу нив е и SONY кој работи на свои беспилотни летала во соработка со јапонската компанија ZMP која е специјализирана во автомати. Леталата се наречени Aerosense и имаат интересни дизајн решенија. Како што можете да забележите на видеото подолу, Aerosense може да полета од место поради тоа што има вентилаторска турбина која може да ја смени својата позиција и да дава потисок каде е потребно, надоле, наназад или накосо.
Според SONY овие летала ќе развиваат максимална брзина од 106 километри на час, а во иднина ќе можат да носат товар од 10 килограми. Нивната идеја е со овие летала да се заменат некои автоматизирани работи кои досега ги работат луѓе, како што се мерења, набљудувања, инспекции и други улоги. Тие 10 килограми веројатно ќе бидат составени од опремата потребна за да се извршуваат овие работи. Автономијата на Aerosense ќе биде ограничена.
Во очиглед на зголемената побарувачка за беспилотни летала веројатно е дека Aerosense ќе бидат успешни, особено зошто се поддржани од голем играч како SONY. Останува да видиме како ќе се искористуваат во иднина и дали ќе бидат практични за да бидат употребени од други бизниси и компании.
Извор: TechCrunch, ZDNet