metaio-thermal-touch-concept

Германската компанија наречена Metaio, го претстави својот концепт наречен Thermal Touch, технологија која се базира на комбинација од термална – инфрацрвена и конвенционалана камера, која овозможува виртуелно претворање на секој објект или површина во интерфејс реактивен на допир.

Thermal Touch технологијата работи на принцип така што со помош на камерите прецизно го препознава топлинскиот потпис од прстите при допир со одредена површина. Па така, овој концепт комбиниран со дигитално надополнета реалност и компјутерска визија овозможува интерфејс реактивен на допир на било кое место во просторот.

Се работи за концепт базиран на терминот наречен надополнета реалност, каде во основа лежи интеграцијата на дигиталната информација и околината во реално време. Во суштина, оваа технологија превзема постоечка слика и додава информации на истата. Меѓутоа со употребата на термално – инфрацрвената камера се отвора нова димензија на овој концепт на надополнета реланост. Една од функциите која заслужува внимание, е тоа што со технологијата на Metaio се овозможува дистинкција помеѓу различен интензитет на допир на одредена површина.

Од компанијата Metaio веруваат дека нивната технологија во комбинација со Google Glass или производи слични на нив, дефинитивно ќе го направи користењето на овие производи многу поинтересно, но и ќе ја подинге нивната функционалност на едно повисоко ниво. Засега, иако се работи само за прототип и ќе биде потребно време додека оваа технологија се појави на пазарот, сепак истата има огромен потенцијал за нејзина апликација. На пример, луѓето би можеле да ја користат за играње виртуелен шах, а архитектите и дизајнерите би можеле да ги визуализираат своите креации и модели во 3D.

Прототипот кој се базира на оваа технологија е направен на начин така што на таблет се монтирани термалната – инфрацрвена камера и веб камера и ваквата употреба дала повеќе од задоволувачки резултати. Сепак главната примена на Thermal Touch технологијата се очекува да биде во главно наменета за “паметните” очила и производите слични на нив.

Компанијата својот прототип ќе го претстави на Augmented World Expo кој ќе се одржи од 27 до 29 Мај во Santa Clara, California.

Извори : The Next Web, Gizmag

Претходна статијаWindows 8.1 with Bing, поевтин Windows за производителите на евтини уреди
Следна статијаMarbel – најлесниот електричен скејтборд