Марк Парент е пронаоѓачот на оваа технологија која по негова идеја подоцна е практично произведена од Eole Water. Доказ дека понекогаш најдобрите решенија се всушност многу едноставни, е инспирацијата на Марк за овој концепт.
Живеејќи на Карибите, во топлите денови размислувал за водата која истекува од клима уредот и како би можел да ја зачува и искористи.
Целото решение до кое доаѓа е ново и практично бидејќи е целосно применливо во области во кои нема доток на струја. Целиот извор на енергија кој е потребен доаѓа од ветер. Се работи за ветерници, кои од вртежите предизвикани од ветерот создаваат енергија која е доволна да го напојува генераторот кој е поставен внатре. Генераторот го загрева воздухот кој влегува и на тој начин создава пареа, пареата потоа поминува низ компресор за ладење. Логично, по следниот чекор се создава влага која кондензира и се претвора во вода која се складира и се прочистува.
Производство на толку големи количини чиста вода е многу значајно и дава особена надеж за полесно справување со природни катастрофи или сиромашни подрачја, особено затоа што не е потребна електрична енергија за да функционира.
Прототип на оваа технологија е веќе поставен во Абу Даби и досегашните резултати се: производство на 500 до 800 литри чиста вода на ден во пустински услови. Произведувачите веруваат дека таа бројка лесно може да се покачи до 1000 литри на ден.
Eole Water веќе има 12 индустриски партнери кои започнуваат со производство на оваа технологија.