Volocopter GmbH е германска компанија која во 2011 го имаше својот прв тест лет на леталото кое тие го развиваат и има како крајна цел да биде користено како летачки такси сервис.
Леталото е во категоријата на „VTOL“, односно Vertical Take Of and Landing, меѓутоа сепак не може да се нарече класично дека е како хеликоптер. Наједноставната споредба на ова летало е со беспилотните летала популарно наречени дронови, само во големина доволна да собере пилот и двајца патници со нивниот рачен багаж.
Volocopter досега имаше 3 летала кои беа наменети во главно за тестирање на нивната технологија и можност за летање. Сега претставеното VoloCity е првото летало кое е наменето за комерцијална употреба, односно не се смета за тест летало.

VoloCity работи со 18 ротори на горната страна, како и дополнителен систем којшто треба да се погрижи дека нема да биде прекинат системот за електрична енергија додека леталото е во лет. Може да помине до 35 километри со брзина од околу 110 километри на час.
Леталото е направено со почитување на сите стандардни од European Aviation Safety Agency, со што треба да се смета за способно за комерцијален и безбеден лет.
Покрај леталото, компанијата работи и на развој на посебни места од каде што VoloCity ќе полетува и слетува пренесувајќи ги патниците. За почеток се договара соработка со аеродром во Франкфурт за потенцијално комерцијализирање на леталото и пренос на патници.
Може веднаш да се претпостави дека едно вакво такси би било популарно кај патниците, а посебно за, како што за почеток се договара, превоз до аеродром или некои слични дестинации.