5

Веројатно сите ги забележавме интересните потези кои автопилотот на Tesla ги правеше на патиштата.

Сепак, изгледа дека Volvo ќе ги претрка сите овие компании со претставувањето на својот најнов иден систем за автономни возила кој ќе биде целосно имплементиран во 2020 година, а засега е во, да речеме, „бета“ верзија.

Целта на Volvo е да создадат возила кои ќе бидат апсолутно и целосно автономни. Тоа значи дека возачот ќе може да извади весник и да чита, да гледа филм или да се бричи додека патува на работа или до друг град. Целиот систем се базира на комбинација од телеметрија – GPS, сензори и камери на самото возило, автоматизиран компјутер кој може да носи заклучоци и одлуки во секој момент од возењето.

Системот сè уште не поддржува спиење на патникот бидејќи е потребен да биде буден ако треба да превземе контрола во некој момент. Заради тоа ќе има вградено инфрацрвени камери кои ќе го следат и во случај на негово заспивање или медицински итен случај, сигурно ќе го застанат возилото. Зошто не би го однеле човекот до болница е добро прашање, но веројатно од Volvo уште немаат план да ја следат здравствената состојба на патникот туку само неговата будност и способност да управува со возилото.

Volvo го активираше програмот наречен DriveMe со кој во неколку градови во светот ќе се пуштат по 100 вакви возила кои ќе пренесуваат обични патници кои се согласиле да учествуваат. Додека патуваат тие нема да управуваат со возилата освен во итни случаи, а при возењето ќе се прибираат информации за перформансите на возилата и системот на Volvo.

Според нив возилата наскоро ќе бидат способни да патуваат самостојно, а тоа што е потребно е да се развие инфраструктурата за комуникација на возилата меѓу себе и со патната инфраструктура, што ќе им овозможи поефикасно и побезбедно возење при кое ќе се избегнуваат гужви, а на истиот пат ќе можат да се сместат повеќе возила од претходно.

Иднината на автономните возила е светла иако можеби осудена да биде краткотрајна. Имено, ако развитокот на технологијата продолжи со оваа стапка, виртуелната и надградената реалност ќе дојде многу бргу и луѓето веќе нема да има потреба воопшто да „возат“ до работно место – бидејќи ќе работат од било каде.

Дополнителни информации: Business Insider, CNet, Volvo

Претходна статијаAndroid Nearby – нова функција на системот за препорака на апликации според локацијата
Следна статијаHTC лансира и „Бизнис Едиција“ на VR уредот Vive