Фото: Shutterstock.com

Apple се’ уште нема дадено никаква официјална информација поврзана со претставувањето на очила за проширена реалност, но сепак неофицијалните информации ги има веќе неколку години.

Марк Гурман од Bloomberg, по најавата дека Apple ќе го претстави овој уред оваа пролет, поточно во април, сега најавува дека од компанијата повторно имаат донесено одлука за одложување, па претставувањето може да се очекува во јуни на WWDC 2023 конференцијата.

Поради изворот на овие информации сметаме дека на нив може да им се верува, па очекуваме дека во јуни ќе го видиме уредот за проширена реалност од Apple, иако Гурман истакнува дека не се исклучува повторно одложување.

Како главна причина за одложувањето се наведува дополнителната работа која треба да се направи за исправка на проблеми кои се јавуваат во работата на уредот, а поврзани со функциите за контрола преку очите и гестикулации со рацете.

Ова исто така открива што може да се очекува од овој уред, па наводно апликациите ќе може да се изберат со поглед со очите, па потоа некоја гестикулација со рацете.

За април сега остануваат очекувањата дека ќе бидат претставени MacBook Air со 15 инчен екран, како и конечно нова верзија од Mac Pro со Apple чип.

Продажбата на уредот за проширена реалност се очеквуа да почне до крајот на годината, но првата негова верзија нема да биде баш наменета за сите. Ќе чини околу 3000 долари, па наводно Apple веќе работат на втора верзија која треба да биде подостапна за корисниците.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаSnapdragon X75 5G модемот донесува подобра покриеност, помала потрошувачка на енергија и поголеми брзини на трансфер на податоци
Следна статијаSamsung го најави почетокот на надградбата на постарите Galaxy уреди на One UI 5.1
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.