Активирањето на дигиталните персонални асистенти е едноставно, а истото важи и за Cortana која што може да биде „повикана“ со притискање на Search копчето или преку „Hey Cortana“ гласовната команда.
Сепак, зошто оваа активност за корисниците кои што често користат едно вакво софтверско решение, да нема и дополнителни можности за нивна интеракција. Се разбира во денешно време, се што треба е популарност на одредено решение, па големиот број на производители почнуваат со претставување на интересни производи.
Компанијата Satechi претстави мало Bluetooth копче кое што има една намена. Со негово притискање се покренува Cortana, па интеракцијата со неа може да започне.
Копчето е погодно да се користи во ситуации кога корисникот не се наоѓа блиску до компјутерот, а сепак би сакал да пребара нешто или да покрене одредена команда. Се разбира тука е Hey Cortana командата, меѓутоа не секој уред има поддршка за истата, а исто така и не секој корисник сака да ја вклучи оваа можност поради грижи поврзани со приватноста.
Копчето е наречено Satechi Bluetooth Cortana Button и се поврзува преку Bluetooth 4.0 LE стандардот. Едноставно се поврзува со саканиот уред првиот пат, по што секоја наредна интеракција е автоматска.
Изгледот на копчето може да се каже дека е интересен и се истакнува, а направен е во кружна форма со логото на Cortana.
Цената по која што се продава уредот изнесува 22,99 долари и може да се нарача во целиот свет.
Извор: Satechi