Фото: Shutterstock.com

Apple Vision Pro им стана достапен на корисниците на 2 февруари, дата кога тие што го имаа нарачано уредот можеа да го подигнат, а достапни беа и доволно примероци за купување во продавниците од компанијата.

Сега кога поминаа првите две недели од достапноста, а со тоа и можноста за враќање на уредот, информациите се дека доста корисници се имаат одлучено да го направат истото.

Нема точни информации за кој е процентот на вратени уреди, Apple не ги објавува тие информации, но според најновиот неделен билтен на Марк Гурман, бројката иако не е нешто посебно голема, сепак од корисниците можат да се извадат одредени заклучоци.

Како прв фактор за одлуката за враќање дефинитивно може да се истакне цената од 3500 долари која Vision Pro мора да ја оправда најмногу што може. Според информациите, Apple има подготвено одлични презентации во продавниците, презентации кои сепак не биле целосно меродавни за искуството кое корисниците подоцна можат да го очекуваат.

Тоа што се истакнува како причина за враќање од страна на корисниците со кои има разговарано Гурман, се работи како голема тежина на уредот кој не е баш пријатен за подолго користење, а се пријавуваат и појава на главоболки и слично.

Дополнително, Vision Pro моментално има недостаток на апликации и само видео содржината не е доволна за некои од корисниците да продолжат да го користат уредот.

Тука се и работи како проблем со очите, одблесок кој се јавува при темни услови, помала ширина на погледот, а се истакнува и немањето предност при работа во споредба со користење на два монитори и Мек.

Еден од корисниците со кој има разговарано Гурман дури кажува дека го пробал и Quest 3 од Meta, па поради тоа го вратил Vision Pro. Марк Закерберг објави видео во кое ги дава своите ставови за Vision Pro, односно зошто нивниот Quest 3 е подобар производ, па очигледно дел од корисниците се сложуваат со нив.

Втората генерација од Vision Pro треба да биде поевтина, а и да ги среди доста од сегашните проблеми. Оваа верзија сепак може да се очекува за повеќе од година дена, а се верува дека Apple ќе го постигне саканиот успех со Vision Pro.

ИЗВОРBloomberg
Претходна статијаСКОПСКО платформата „Наша гордост. Наша одговорност.“ и оваа година продолжува со кампања за собирање средства за заштита од загадување на националните обележја
Следна статијаGoogle го препорачува нивниот ChromeOS Flex како замена за Windows и macOS на постарите уреди
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.