Пиво – чуден, горчлив пијалок кој го освои светот и кој има традиција од илјадници години. Уште античките еѓипјани си произведувале и точеле пиво, а пред некое време беше пронајдено дека тоа било со поголем процент на алкохол од денешните просечни пива, и зачинето со овошје…
Огромен дел од „чувството“ кое го нуди пивото зависи од неговата пена. Таа често е пресудна за дали одредено пиво ќе ни биде вкусно или не, и за фактот што точеното пиво (кое има пена) е повкусно од флашираното. Знаејќи го ова, една група на претприемачи решиле да создадат „подобрувач“ за пивото преку подобрувач на пената.
Имено, нивниот уред Fizzics има вградено осцилатор кој испраќа вибрации до пивото преку звук на микронско ниво, и така создава пена со помали балончиња. Според нив, најдоброто чувство во пиењето ќе го добиете ако балончињата од јаглеродниот двооксид се на големина од под 30 микрони. Fizzics се обидува да го постигне токму тоа, и во тестирањето од страна на новинарот од The Verge, тој самиот изјавува дека пивото е навистина повкусно кога ќе се помине со нивниот уред.
Тие имаат започнато Indiegogo кампања за поддршка на Fizzics која веќе го има поминато потребното ниво од 50 илјади долари за два пати! Очигледно има многу пијачи на пиво кои би сакале да си го подобрат вкусот на пивото без да мора да купуваат од најскапите брендови. Fizzics работи на 4 АА батерии и може да се пренесува заедно со стандардна опрема за кампување, што го прави исклучително добар уред за разни излети и слично.
Кампањата се` уште е во тек, па ако сакате да ја подржите и да си нарачате еден уред по промотивна цена од 119 долари, можете да се насочите кон нејзината страница.
Извор: Indiegogo – Fizzics, The Verge