flasher

Иако повеќето паметни уреди имаат вградени LED блицеви за фотографирање во темни услови, најчесто тие се премногу малечки за да направат рамномерно осветлување на фотографијата. Воедно, ниеден паметен уред нема блиц на предната камера.

Flasher е додаток направен од повеќе LED диоди кој се прикачува во аудио излезот на вашиот паметен уред и генерира многу посилно и константно светло споредено со вградениот блиц на паметниот уред. Интересниот дел е во тоа што може да се ротира скоро во секоја насока и е компатибилен со било кој уред. Бидејќи не се врзува директно со смарт уредот (во аудио излезот влегува само пластична банана која служи за држење) не е потребно инсталирање на никаков софтвер.

Бидејќи е флексибилен и содржи своја батерија на полнење, може да се користи и како видео светло или како обична батериска ламба по потреба.

untitled

Flasher моментално е Kickstarter кампања која собира пари за да се развие производот. Иако не постои практична гаранција дека производот ќе успее иако парите се соберат, неговиот едноставен дизајн и општата функционалност се секако добри карактеристики.

Моментално, доколку донирате 25 долари (или повеќе) на неговата кампања, ќе добиете еден Flasher уред и држач за селфи по цена поевтина за 55% од обичната.

Извори: Kickstarter, AndroidCommunity

Претходна статијаChrome за Android со неколку новости во новите верзии
Следна статијаШто мислат машините кои мислат?