На вчерашниот настан од Google од компанијата претставија и нова генерација од нивните Pixel Buds кои интересно нема да се продаваат до идната пролет. Со оглед на тоа дека тие немаат некоја револуционерна технологија поради која би можеле да речеме дека знаеме зошто е одложувањето, вака изгледа е само маркетинг одлука.
Pixel Buds веднаш се забележува дека се целосно редизајнирани од нивните претходници кои дури имаа кабел кој ги поврзува двете слушалки. Новите се целосно безжични и како кај конкурентите, овозможуваат повеќе часови на работа и полнење во кутивчето во кое се чуваат, со што се добива 24 часа на независност.
Со оглед на тоа дека се работи за слушалки од Google, јасно е дека тие ќе бидат целосно поврзани со Google Assistant и ќе им овозможуваат на корисниците извршување на активности преку него.
Pixel Buds дури ќе овозможуваат и преведување во реално време, нешто што исто така е можност на Google Assistant, па појавата на ваквите производи сигурно го прават светот уште помал.

Главната карактеристика секако на слушалките е слушање на музика. Од Google истакнуваат дека тие имаат тестирано илјадници уши со цел да направат слушалки кои најдобро што може ќе „легнат“ во увото и ќе овозможат квалитетен звук.
За тоа се погрижуваат две карактеристики, едната е гумен лак за стабилизација кој прави да слушалките се прицврстат во увото, а втората е „канал“ кој ќе овозможува доволно влегување на звук од околината за да не се создава фонија и слично.
Слушалките дури ќе имаат и пролагодлив звук, кој ќе се прилагодува на околината, односно самиот ќе се зголемува и намалува како корисникот влегува и излегува од тивки и гласни простории.