Google вчера, покрај Pixel 8 и Pixel 8 Pro телефоните, ја претстави и втората генерација од нивниот Pixel Watch. Часовникот од Google, иако нов, има доста добри оценки и доволно голема популарност за да конкурира со најпознатите на пазарот.

Pixel Watch 2 нема некоја посебна разлика во изгледот во споредба со ланскиот модел, но тоа е очекувано. Оваа година уредот е направен од 100% рециклиран алуминиум, со што се добива 10% помала тежина. Тркалцето за навигација е нешто поголемо и повеќе споено со телото од уредот.

Како главна новина се истакнува новиот чип кој треба да овозможи подобри перформанси, а со тоа и нови и подобри фитнес мерки. Батеријата се истакнува дека треба да издржи до 24 часа со вклучен „always-on“ екран, а полнењето до 50% се прави за 30 минути.

Часовникот добива три нови сензори кои овозможуваат доста поточно мерење, па од Google истакнуваат дека заедно со нивниот ВИ алгоритам мерењето на вежбањето е 40% поточно.

Google посебно ја истакнува и новата можност за мерење на стресот кај корисниците, а истата е донесена од FitBit и е наречена Body Response.

Pixel Watch 2 добива и работи како Heart Rate Zone Coaching и Pace Training, а додадени се и подобрувања кај мерењето на спиењето.

Нови безбедносни функции се исто така дел од новата генерација од Google часовникот, а тие можевме да ги видиме пред некој месец како дел од iOS 17 надградбата.

Корисниците можат да ги известуваат своите најблиски кога ќе пристигнат на некоја локација, а тука се и функциите како Medical ID.

Pixel Watch 2 доаѓа и со новини кои се поврзани со Wear OS 4, а тие вклучуваат новини како подобрен систем за известувања, а тука се и подобрени можности за прилагодување на изгледот на системот.

ИЗВОРGoogle
Претходна статијаGoogle ги претстави Pixel 8 и Pixel 8 Pro со новиот Tensor G3 чип и седум години надградби на системот
Следна статијаНовиот Samsung Galaxy SmartTag2: Чувајте ги вашите вредни работи на паметен начин
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.