Apple моментално ги има едни од најпопуларните мали безжични слушалки на пазарот, а според неофицијалните информации, од компанијата планираат да ги направат многу покорисни и со повеќе функции од тие за слушање на музика.
Марк Гурман, од Bloomberg, најавува неколку функции кои во годините што следат треба да станат дел од AirPods слушалките, а некои од нив може да ги видиме и поскоро.
Една од новините која ја најавува Гурман е тест за откривање на проблеми со слухот. Слушалките секако не можат да дадат сигурен резултат, но исто како ЕКГ функцијата на Apple Watch, доволно е да се добие информација која потоа ќе се провери на доктор.
Додавањето на една ваква функција ќе ја тргне потребата од апликации за ваква намена, па тоа сигурно нема да им се допадне на програмерите кои работат на нивниот развој.
Друга новина која е уште поинтересна е користење на AirPods како помала за слушање. Овие слушалки веќе имаат одредени функции кои одат во тој правец, но од Apple наводно работат на развој на функции и одобрување од FDA да слушалките можат официјално да се сметаат како помагала.
Нешто што може да се очекува поскоро е додавањето на можноста за мерење на температурата. Мерењето на температурата преку ушите со AirPods треба да е многу поточно во споредба со мерењето кое сега е достапно со најновите Apple Watch, па корисниците би можеле да ја користат информацијата за покласични потреби.
Наредната генерација од AirPods се очекува дека ќе дојде со кутија која ќе се полни со USB-C, нешто што им е наметнато на Apple од ЕУ, а оваа година истото се очекува и за iPhone 15 серијата.