За iPad Pro серијата за идната година веќе имаме големи очекувања. Apple конечно ќе почне да користи OLED екрани за овој одличен таблет, а исто така се очекуваат и некои мали промени кај дизајнот, нешто што не е направено неколку години веќе.
Најновата информација најавува дополнително намалување на дебелината на веќе тенкиот iPad Pro. Секако не се работи за драстично намалување, односно може да се очекува намалување за дел од милиметар.
Ова е можно да се постигне поради „хибридната“ технологија на Apple за OLED панелите кој ослободува дел од просторот, но се најавува и дека ги намалува и трошоците на производство. Конкретно, се прави комбинација на стаклени супстрати со флексибилни OLED тенки слоеви.
Покрај намалувањето на дебелината, се најавува и дополнително намалување на рамките околу екранот. Тие веќе се доста тенки, па тука се и во главно да овозможат за нешто да се држи уредот.
По примерот на најновиот iPad mini модел, можно е главната позиција на iPad Pro да се смета „пејзаж“ позицијата, наместо досегашната, а поради тоа се очекува промена на позицијата на камерите од „горе“ на страните.