Иако ги има во се помал број, корисниците кои преферираат физичка тастатура не само што тешко се префрлаат на софтверските тастатури на дисплејот, туку имаат дури и одреден култ против нив. А за таквите, тука се производителите како Boxwave, кои имаат интересно решение со физичка тастатура на лизгање за новиот iPhone 6.
Неодамна, вакви тастатури имаа многу телефони од високата класа, иако примарно беа со екран на допир. Тастатурата која се лизга отстрана е поголема од таа во портрет поставеност, како на пример оние во Blackberry, па затоа најчесто беше избор на производителите на телефони. Keyboard Buddy е токму таква тастатура, која се лизга острана, а е вградена во футрола, која во исто време го штити телефонот.
Нормално, истата се поврзува преку Bluetooth 3.0 со iPhone, има вградена батерија која може да издржи околу две недели со едно полнење, а се полни преку micro USB кабел, иако се чини подобро решение би било можност за полнење преку Lightning полначот на Apple. Ас во ракавот на Keyboard Buddy во однос на конкурентите е и осветлувањето на копчињата, кое е реткост кај ваквите типови на тастатури. Исто така, производителот нагласува дека копчињата се благо издигнати, што ги прави погодни за пишување без цело време да се гледа во нив.
Сепак, голем минус на Boxwave Keyboard Buddy е големата дебелина од дури 10,4 милиметри, колку „еден и пол“ iPhone 6, што заедно со плус 6,9 милиметри на самиот телефон, може во големо да ја наруши ергономијата и да го направи непогоден за носење во џеб. Исто така, самиот оперативен систем на Apple не е дизајниран за користење во легната ориентација, иако има многу апликации кои се вртат со вртењето на телефонот.
Цената на Boxwave Keyboard Buddy изнесува 79.99 долари на официјалниот веб сајт, но на интернет може да се најде и за цена која е до 20 долари пониска, што и натаму е високо за еден ваков геџет.
Извор: ZDNet