Jacquard™ by Google е бренд од оваа компанија преку кој тие претставуваат, кратко кажано, облека и слични производи кои се за носење, надградени со технологија, за ова паметно време. Тоа од компанијата го прават преку вградување на мал уред кој во основа реагира на неколку гестикулации, со што корисниците добиваат можност да го контролираат својот мобилен, преку нивната јакна, на пример.

Од компанијата преку овој бренд продолжуваат со претставување на производи кои досега и не сме помислиле дека може да ги ставиме во категоријата на паметни. Konnect-i паметен ранец кој е направен од страна на познатиот бренд за вакви производи, Samsonite.

Konnect-i доаѓа во две верзии, што се однесува до големината и можноста за ставање на работи. Од тоа што може да се види, се работи за ранец којшто може да собере лаптоп, апарат за сликање, како и уште неколку додатни работи, што го прави одличен за тие кои често работат на терен.

Тоа што го прави паметен Konnect-i е малиот уред додаток којшто е карактеристичен за Jacquard™ by Google брендот. Овој уред се поставува на едното од ременчињата за носење, на кое е вграден и сензор.

Корисниците потоа можат да повлечат надолу, нагоре, да стиснат два пати или да задржат врз ременчето, по што се испраќа командата на телефонот.

Преку апликацијата која се поврзува со уредот од Google, се избира која команда што да прави, а изборот и не е така мал, односно корисниците можат да ја контролираат музиката, да одговараат на повици, вибрира при повици и известувања и многу други работи.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаGmail добива ново лого, заедно со другите апликации од G Suite кој сега е наречен Google Workspace
Следна статијаApple закажа настан за 13-ти октомври, се очекува претставување на iPhone 12
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.