Surface-Pen-Stylus-Patent-1

Surface серијата на Microsoft буквално ги промовираше дигиталните пенкалца како начин за брзо фаќање прибелешки, но и како можност за уметниците уште подобро да се изразат, но еден нов патент најавува дека тие напорно работат на подобрување на оваа технологија и наскоро можно е да видиме пенкалце кое може да ги вчита боите од реалниот свет и потоа да ги пренесе на дисплејот.

Патентот е поднесен уште во 2014 година, што значи дека доколку Microsoft планира да го вгради во некој од своите идни уреди, тоа би можело да се случи многу скоро. Идејата зад пенкалцето е да може секоја боја од реалноста, на пример од некој предмет што стои до вас, да ја пренесете на дисплејот. На пример, како што е прикажано во патентот, со пенкалцето можете да допрете на црвена роза и потоа да цртате со истата боја на дисплејот.

Surface-Pen-Stylus-Patent-2

Ова можеби делува како работа која повеќе ќе им се допадне на децата, но има и многу практични намени, односно може да го забрза процесот на цртање, бидејќи некогаш е многу тешко да се избере вистинската боја од понудената палета со преку 16 милиони бои во софтверите за цртање. Вака, цртачот ќе биде сигурен дека избраната боја е вистинската, односно реалната.

Во меѓувреме, многумина очекуваат дека во новите Surface Pro 5 и Surface Book 2 кои треба да бидат претставени кон крајот на годинава, Microsoft ќе вклучи подобрено дигитално пенкалце, кое ќе има можност и за засенчување со закосување на пенкалцето, што ќе го направи цртањето многу поприродно, односно како со вистински молив – нешто што веќе е достапно кај некои од конкурентите.

Извор: Windows Central, WPXBOX, WinBeta

Претходна статијаAudiopill – Апче за музика од внатре во телото
Следна статијаMeta 2 е уред за гледање изменета реалност конкурент на HoloLens и чини само 949 долари