Samsung, како што е случајот и со смартфоните, го има еден од најдобрите таблет компјутери на пазарот. Galaxy Tab S8 серијата е составена од три модели, а слободно може да се каже дека единствената нивна сериозна конкуренција е во iPad.

Неофицијални слики ни го прикажуваат еден од моделите од наредната генерација. Galaxy Tab S9+ е прикажан од страна на @OnLeaks во соработка со нов партнер за вакви објави, WolfOfTablet.

Од сликите можеме да видиме дека Samsung го задржува ланскиот дизајн, којшто е одличен и уште не му е време за промена. Додадени се мали промени само, како на пример поголемите модули за камерите на задната страна, кои се две.

Од тоа можеме да заклучиме дека може да се очекува подобрување на карактеристиките на камерите, но за тоа ќе почекаме додека излезат неофицијалните информации за карактеристиките на таблетот.

На сликите е прикажан најголемиот модел, односно 12,4 инчниот модел кој слободно може да се користи и како замена за лаптоп, а посебно со DeX функцијата која има одличен кориснички интерфејс. Со додавање на тастатура, нешто за кое се гледаат и приклучоците на сликите, Galaxy Tab S9+ дефинитивно може да биде и лаптоп.

Претставувањето на овие таблет компјутери го очекуваме во месеците што следат, а во меѓувреме очекуваме и уште неофицијални информации.

ИЗВОРXDA-Developers
Претходна статијаMotorola Edge 40 Pro доаѓа со Snapdragon 8 Gen 2, 165 херци стапка на освежување и брз полнач со 125 вати
Следна статијаiPad Pro идната година може да дојде со најтенок дизајн досега
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.