Патент апликација од Apple, која ја имаат забележано и ја објавуваат од Apple Insider, ни открива во кој правец размислуваат од компанијата за иднината на нивниот паметен часовник.
Според патентот, Apple Watch во иднина би можел да има механизам кој би овозможил доста лесно вадење и враќање на часовникот од ремчето. Причината поради која се развива ваков механизам е вградувањето на одредени функции на часовникот кои не би можеле да се користат додека часовникот е поставен на раката од корисникот.
„Рачните часовници и другите уреди за носење се генерално привлечни за корисниците поради нивната преносливост, естетска привлечност или различни функционалности што можат да ги понудат врз основа на нивното носење или прицврстени блиску до телото на корисникот“, се вели во патентот. „За жал, постоечките уреди за носење остануваат ограничени во опсегот на функции што ги нудат или нивната употребливост за многу пожелни функции“, се додава во објаснувањето.
Може да се претпостави кои би биле предностите од можноста да некои функции се достапни кога часовникот е изваден од раката. Пример е камера, а уште покорисна е можноста да се прават одредени здравствени мерења со поставување на уредот на различни делови од телото.

Не би очекувале резултатот од поднесувањето на овој патент да го видиме баш оваа година, но би било добро. Како да е, можеме во иднина да очекуваме доста интересен редизајн и нови функции од еден од најдобрите паметни часовници на пазарот.
Една од главните функции во поднесената петент апликација е механизмот на вадење и ставање на часовникот, а тоа е јасно зошто е така. Каква и да е функцијата која е достапна со вадење на часовникот, истата не би била привлечна ако процесот на вадење и враќањето на уредот не е лесен и брз.