Идејата позади овој проект, кој се’ уште е во фаза на финасирање на Kickstarter, е да се приклучат што повеќе уреди на еден ист порт. Овој дизајн е одлична вест за новиот MacBook Retina, со оглед на тоа што уредот има еден USB-C порт, и тоа е се’.
Можеби InfiniteUSB како концепт не е баш згоден за персонални компјутери (бидејќи е дизајниран да лежи на биро или слична рамна површина), за лаптоп уреди е одличен.
Концептот е едноставен, приклучок што се вклучува во портата на лаптопот, на тој приклучок можете да прикачите уште еден, на тој можете друг, и така натаму. Практично, се формира ланец од приклучоци што се врзуваат еден во друг и секој од нив дозволува да се приклучи еден уред.
Приклучоците се исто така магнетизирани така што ќе се избегне заплеткување на каблите. Каблите од друга страна на се рамни, што ја зголемува цврстината и трајноста на кабелот и спречува заплеткување. Покрај магнетизираните прклучоци и рамниот кабел заплетканите кабли нема да бидат повеќе проблем.
На овие кабли ќе можете да приклучите уреди што имаат стандарден USB порт, Lightning или MicroUSB. Со тоа, без разлика на каква платформа сте, Андроид или IOS, Infinite USB ќе ви обезбеди приклучок.
Реално, многу едноставен и корисен концепт, а познавајќи ја историјата на Kickstarter искрено се надеваме дека овој проект ќе успее. Во периодот на пишување на оваа статија InfiniteUSB има собрано 114.300 долари, што е 14 пати повеќе од целта што ја имаа поставено.
Извори: Geek, Kickstarter