Насловот можеби изгледа како малку да сме се „изгубиле во преводот“. Кој би посакал таблет за на зглоб и колку тоа смешно би изгледало, нели? Па, не на секој.
Едни од тие се Rufus Labs кои претходната година го претставија The Rufus Cuff, еден часовник-телефон-таблет хибрид кој се носи на раката. The Rufus Cuff потсеќа скоро на стандарден паметен часовник со тоа што е дупло поголем т.е. површината каде што се гледа и командува.
Тој се носи на раката, а тоа можевте да го заклучите неколку пати досега. Тоа што Rufus Labs сакаат да го постигнат е рачен преносен уред кој работи како таблет/телефон, а не како часовник. Тоа значи целосен оперативен систем (Android), Google Play, телефонски повици, праќање пораки, видео повици, слушање музика, екран осетлив на допир од 3,2 инчи… Сето тоа што еден паметен таблет/телефон го има денес сместено на вашиот глужд.
Rufus Cuff доаѓа во повеќе варијанти на внатрешна меморија кои можете по желба да ги надградите на Indiegogo страницата за кампањата. Инаку, уредот ја премина целта за финансирање уште во 2014 г. и во моментов успешно се произведува и доставува до корисници.
Според производителите, Rufus Cuff треба да донесе револуција (има ли некој кој не крева револуција деновиве?) во користењето на преносни уреди и да ги баталите сите останати (паметни часовници, телефони и таблети) за него. Можеби ваквата цел изгледа преамбициозна, но е нешто на кое треба да се помисли, барем додека не дојдат во масовно производство екранските леќи и/или кортикалните модеми.
Ако ве заинтересира овој се`-во-едно уред време е да ја посетите Indiegogo страницата и да си нарачате еден.
Извор: Engadget, Digital Trends