Фото: Samsung

Скопје, 12 февруари 2026 година „Самсунг Електроникс” (Samsung Electronics), Светски Олимписки и Параолимписки партнер, обезбеди професионални монитори за судење и пренос во живо за одредени дисциплини во брзо лизгање на кратки патеки на Зимските Олимписки Игри Милано Кортина 2026.

„Во средини каде што клучните одлуки зависат од она што луѓето го гледаат, прецизноста и сигурноста на сликата се клучни.“ – изјави Хун Ли (Hun Lee), Извршен Потпретседател на бизнисот со визуелни дисплеи (Visual Display – VD) во „Samsung”. „Горди сме што нашите професионални монитори се користат во вакви реални ситуации и продолжуваме да се фокусираме на развој на технологии кои се засноваат на прецизност и доверба.“.

Брзото лизгање на кратки патеки е еден од најбрзите и технички најпредизвикувачките спортови на Зимските Олимписки Игри. За крајниот резултат на трките често влијае минимална разлика, понекогаш дури и само 0,001 секунда, или момент како контакт меѓу спортистите или прецизноста на позицијата на лизгалката. Во вакви ситуации, судиите се потпираат на системи со камери со голема брзина и можат да го прегледаат видеото во реално време за да ги проценат инцидентите и да обезбедат фер натпревар.

За да се поддржи овој процес, во сите дисциплини на брзо лизгање на кратки патеки, се користат професионалните монитори на „Samsung” кои овозможуваат преглед на видеото во реално време и следење на натпреварите. Со помош на овие монитори, судиите можат јасно да ги проценат клучните моменти и со самодоверба да донесат конечни одлуки.

“ViewFinity S8”: Поддршка за судиите со чист и сигурен преглед на видеото

Во судиските зони покрај терените на Милано Кортина 2026, поставени се 27-инчни монитори „Samsung ViewFinity S8” (модел S80UD), за да се обезбеди фер игра преку преглед на видеата во реално време и постојано следење на натпреварите.

„ViewFinity S8” нуди 4K UHD резолуција (3.840×2.160) и сооднос на сликата 16:9, што им овозможува на судиите поголем простор за гледање и анализа на ситните детали, без губење на јаснотијата. Во споредба со стандардните 32-инчни екрани, овој поголем екран овозможува почист преглед на спорните ситуации при истото зголемување на сликата, помагајќи им на судиите со поголема сигурност да ги прегледаат снимките. Поддршката за HDR10 дополнително ги подобрува контрастот и боите, обезбедувајќи верен приказ на видеото во моментите кога се носат клучни одлуки.

„Odyssey Ark”: Поддршка за ТВ-преносите и продукцијата

Мониторите на „Samsung” се поставени и во видео-собите на Олимпискиот радиодифузен сервис (Olympic Broadcasting Services – OBS), официјалниот олимписки емитувач на Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК). Во овие продукциски средини, мониторот „Odyssey Ark” им помага на тимовите да следат повеќе преноси во живо истовремено на 55-инчен екран со заобленост од 1.000R и 4K UHD (3.840×2.160) резолуција.

Дизајниран за да го зголеми чувството на внесеност и да го намали искривувањето на сликата, „Odyssey Ark” им помага на продукциските тимови постојано да имаат јасен поглед на брзите акции додека траат напнатите натпревари. Времето на одговор од 1ms GtG обезбедува постојана јасност на сликата при динамични сцени, овозможувајќи непречено следење на сите процеси во продукцијата во живо.

Овозможување напредна технологија за екрани на светските спортски настани

За време на Зимските Олимписки Игри Милано Кортина 2026, „Samsung” ја спроведува својата глобална Олимписка и Параолимписка кампања „Отвореноста секогаш победува“ (Open Always Wins). Прв пат претставена на Олимписките и Параолимписките игри во Париз 2024, оваа кампања ја одразува вредноста на отвореноста преку прифаќање на различностите, отфрлање на дискриминацијата и создавање поголеми можности преку соработка. На Милано Кортина 2026, оваа порака се споделува преку тимот „Samsung Galaxy”, официјалните спортисти-амбасадори на „Samsung” за Олимписките и Параолимписките игри.

Надградувајќи го своето искуство во поддршката на натпреварите во живо и средините на пренос на Милано Кортина 2026, „Samsung” ќе продолжи да развива решенија за монитори оптимизирани за светски спортски настани и сложени теренски операции, поддржувајќи фер натпревари и беспрекорна продукција и во најпредизвикувачките услови.