За време на протести кои се случуваат изминатиот период во Јужна Африка, како и на повеќе места во светот, ограбен бил склад на Samsung од каде биле украдени повеќе телевизори од компанијата.
Од овој случај се дозна дека Samsung има механизам кој е вграден кај сите нивни телевизори, замислен да ги демотивира корисниците да купуваат телевизори од неофицијални продавачи или во вакви случаеви, целосно сомнителни продавачи.
Механизмот е наречен Samsung TV Block и како што кажува самото име, го блокира телевизорот по што тој веќе не може да се користи.

Samsung TV Block функционира едноставно, односно кога телевизорот ќе биде вклучен на интернет, доколку неговиот сериски број е дел од листа на украдени телевизори, тој ќе биде блокиран.
Од Samsung не објавија дали овој механизам е замислен да функционира во било која ситуација или само при кражба на поголем број на телевизори, како што бил случајот сега од склад на компанијата.