SiME-Smart-Headphones_2-e1433369503463

Проектот Glass на Google можеби не беше успешен, барем не како што се надеваше гигантот, но тоа не значи дека сега други производители нема да се обидат да направат нешто слично на него.

SiME се паметни слушалки со мал призма екран напред, исто како кај Google Glass. Предноста на SiME е што екранот може целосно да се тргне од очите, како и да се премести на левото око без поголем напор. Сепак, иако името го најавува тоа, нема ништо паметно во самите слушалки, кои се тука само да продуцираат звук.

IMG_5643_w_600

Интересно, овие слушалки имаат вграден целосен Android 4.4 Kit Kat оперативен систем во нив, истиот што се користи во паметните телефони. Сепак, дизајнерите велат дека развиваат посебен софтвер кој ќе го олесни користењето на интерфејсот на овој уред. Интеракцијата со уредот е иста како кај Google Glass, односно со допирање и лизгање со прстот на рачката на која е сместен малиот дисплеј.

ChipSip, производителот кој стои зад овој уред, вели дека неговата намена ќе биде пред се за консумирање мултимедијални содржини, како видеа, кои ќе можете лесно да ги пуштите од телефонот кон слушалките преку Bluetooth. Исто така, преку овие слушалки ќе може и да се пребарува и сурфа на интернет, да се прегледуваат фотографии и слично. Сепак, ова ќе биде ограничено со многу кратко траење на батеријата, од само 2 часа.

IMG_5646_w_600

Сите овие функционалности се различни од она што Google го има замислено со Glass. И секако, помалку чудни, бидејќи кој би сакал да гледа видеа на мала призма што стои на едното око? Веројатно многу малку од Вас, особено што за ваквите работи веќе има неколку VR очила на пазарот…

Најголем недостаток на ChipSip SiME ќе биде веројатно цената, бидејќи нивниот претходен уред, кој е сличен на овој, само без слушалките, чини 550 долари, па би можеле да замислиме дека овој ќе биде неколку стотини долари поскап…

Извор: Android Headlines, Tom’s Guide

Претходна статијаGablys Locker – инвентивен начин за отклучување на вашиот компјутер
Следна статијаOppo претстави два елегантни телефони од средната класа