sb2

На јапонскиот производител повторно успеа да му протече нов продукт, кој е наменет за оние кои често се движат и кои сакаат да имаа контрола на спортските активности и целосното здравје на организмот, но во исто време да бидат и константно поврзани со нотификациите на својот паметен телефон.

Втората генерација на нараквицата за здраво тело и здрав дух на Sony се вика SmartBand 2. Навидум многу слична на својот претходник, новата нараквица донесува нов сензор за мерење на отчукувањата на срцето, кој е еден од најважните параметри за оние кои често вежбаат кардио вежби.

Покрај сензорот за мерење на отчукувања на срцето, SmartBand 2 може да ги мери и чекорите, како и тоа дали тој што ја носи нараквицата спие. Ова второто е особено корисно, бидејќи дава многу параметри кои преку апликацијата за Android (засега е достапна само за тој еко систем) ќе ви кажат колку квалитетно сте спиеле.

Но, нараквицата на Sony во името има и “Smart” што значи дека има функции кои се надвор од она што го нудат обичните фитнес нараквици, а тука тоа е можноста за вибрирање за будење на корисникот, како и при пристигнувањето на нови пораки во телефонот. Секако, во уредот има и вграден обичен дисплеј, кој може да го прикажува времето и некои други основни параметри.

SmartBand 2 ќе биде достапен во Google Play Store, но засега нема информации за цената или кога ќе биде достапен.

Извор: The Verge

Претходна статијаWindows 10 надградба – која верзија ќе ја добиете и за кого е бесплатна?
Следна статијаLumia 940 XL ќе има скенер за ирисот на окото!?