20150308015525-Charge

Меѓу најинтересните производи и геџети кои што ги имаме видено, се тие претставени на некоја од платформите за групно финансирање како Kickstarter или Indiegogo, како што е случајот со денешниот.

WonderCube е наречен производот и е наменет да им овозможи на корисниците еден мал уред да ги покрие сите основни потреби во денешниот мобилен свет. Уредот кој што е во форма на коцка е со големина од еден кубен инч, односно 2,5 сантиметри и може да се носи на привезокот со клучевите. Треба да замени неколку други производи кои што корисниците често ги користат за разни намени, односно тој претставува USB/Lightning кабел за полнење, држач за поставување на мобилниот на маса, дополнителен простор за складирање на податоци, читач за flash мемориски картици, дополнителен извор на енергија, како и батериска ламба.

20150308014658-8-in-1

Сите овие функции уредот ги има вградено во себе и до нив се пристапува со отворање на уредот од различните страни. Некои од функциите работат моментално само со Android уредите, како што е на пример USB OTG пристапот до фајловите, но се најавува поддршка и за iOS во иднина.

Интересен дел од уредот е можноста за полнење на мобилниот со користење на оние старите правоаголни батерии, кои што најчесто ги користевме во играчките со автомобили и слични. WonderCube има конектори за овој вид на батерии, а по полнењето според развивачите, може да се добијат дополнителни 3-4 часа на користење на мобилниот.

20150308033008-Emergency

WonderCube може да се нарача преку Indiegogo за цена од 49 долари, па нагоре, зависно од периодот на нарачка. Доставата е планирана за ова лето доколку кампањата биде успешна, за што се потребни 50.000 долари, а досега се собрани нешто повеќе од 21.000 на повеќе од месец дена до истекот на рокот.

Извор: Indiegogo, WonderCube

Претходна статијаGmail за iOS 8 со интерактивни нотификации
Следна статијаVaio го лансираше својот прв паметен телефон
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.