Фото: Shutterstock.com

Одамна е познато дека Google им плаќа на компаниите да тие го направат овој интернет пребарувач стандарден во нивните производи. На пример, кога првпат инсталирате Mozilla Firefox, пребарувачот кој е веќе избран е Google, а организацијата ова го смета за еден од главните извори на финансии за нив.

Сега како дел од истрагите за монополско однесување на Google, објавени се сумите кои од компанијата ги имаат платено за поставување на пребарувачот како главниот кај производите од компаниите.

Во 2021 таа сума изнесувала 26,3 милијарди долари, иако не е посебно истакнато кај кои компании се отидени овие пари. Според некои, дури 19 милијарди се исплатени на Apple за користење на Google кај iPhone, iPad, Mac и слично.

Според информациите, во 2021 година Google имале приходи од 146,4 милијарди долари од рекламирање, па се гледа зошто 26-те милијарди не би биле проблем за нив, а слободно може да се каже дека без нив и приходите би биле доста пониски.

Покрај работата на алгоритамот, јасно е дека Google мора да користи и вакви мерки затоа што и покрај популарноста, голем дел корисници не го менуваат пребарувачот кој им е поставен на нивниот телефон или некоја апликација.

Сумите кои Google ги исплаќа на компаниите во вакви цели се имаат зголемено за четири пати од 2014, додека и приходите од рекламирање се зголемени за три пати. Google Search е голем фактор во приходите од реклами за Google, иако тие не овозможуваат реклами само преку овој сервис.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Bloomberg
Претходна статијаУште две општини со 19 училишта ќе бидат дел од општествено одговорната кампања на „Макпетрол“
Следна статијаApple ќе ги ажурира iPhone телефоните додека се во кутија во нивните продавници
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.