Blog Images (41)

Не ретко се случува да поминувањето со прстот преку некоја реклама при сурфање од мобилниот телефон, биде препознаена како клик, наместо едноставно скролање на страната. Според Google дури до 50% од кликовите на рекламите се случајни, па ваквата ситуација не е добра ниту за корисниците, а посебно за огласувачите.

Корисниците по кликањето случајно на рекламата треба да ја затворат страната која што се отворила, што го намалува корисничкото искуство при сурфање од мобилните телефони. Ова сигурно не влијае на намалување на корисниците кои што сурфаат од мобилен, но дефинитивно претставува непријатност.

Од друга страна, огласувачите кои што често плаќаат по направен клик, плаќаат за корисник кој што не планирал да ја отвори нивната реклама и најчесто веднаш ја затвора случајно отворената страна. Во ваков случај огласувачите плаќаат за корисниците кои што не се нивни потенцијални клиенти, па едноставно кажано, парите се дадени за џабе.

Google за намалување на појавата на случајни кликови на рекламите воведува неколку промени кои што се направени врз основа на следење на однесувањето на корисниците и нивното искуство со рекламите. Промените се однесуваат на три делови од интеракцијата со рекламите.

  1. Кликовите кои што се направени блиску до рабовите од рекламата ќе бидат блокирани, односно нема да носат до друга страна и нема да се бројат како клик
  2. Рекламите во апликациите кои што се за одредена апликација, веќе нема да можат да се кликнат на самата икона од апликацијата поради нејзината близина до копчето за исклучување на рекламата. Корисниците ќе мора да кликнат на копчето кое што е наменето за таква намена, односно call-to-action копчето
  3. Рекламите ќе имаат одложување на времето кога ќе можат да бидат кликнати, односно ќе му биде оставено време на корисникот да може да ја види рекламата и да реши да ја кликне. Доколку кликот дојде веднаш по нејзиното појавување, ќе се смета дека е случаен.

Овие промени треба да придонесат до подобрување на искуството и на корисниците и огласувачите, истакнуваат од Google. Огласувачите ќе имаат намалување на кликовите, но затоа степенот на конверзија ќе бидат поголем, а заштедените пари ќе можат да ги пренасочат кон зголемување на рекламата.

Извор: Google

Претходна статијаHidrateMe – Паметно шише кое ќе ве потсетува да се напиете вода
Следна статијаНовите iPhone-и ќе доаѓаат со Force Touch технологија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.