Најавувајќи неколку новини поврзани со интеграцијата на генеративната вештачка интелигенција во Search, Google најави и нова можност која е одлична кога се прави мало истражување на одредена тема.
Се работи за можноста да се сумираат статиите и со тоа тие кои се доста долги, да може да открие за што се пишува во нив и кој е заклучокот.
Ова е одлична можност за кога се нема време да се чита долга статија кога нешто се истражува, па сумирањето на истата овозможува да се добие претстава дали истата вреди целосно да се прочита.
Покрај ова, ваквата можност е одлична и кога целта на читањето е да се информира корисникот за одредени случувања, но не сака да ги чита сите детали.

За жал, оваа новина е дел од Search Labs, нешто што не е достапно во нашата земја, па ќе мора да почекаме додека Google ги пушти ваквите функции за сите свои корисници.
Дополнително Google најави подобрување кај брзите одговори кои се добиваат при пребарување со помош на вештачката интелигенција, како на пример брзо добивање на дефиниција за одредени зборови, а тука се и подобрувањата при работа со код, односно негова оценка.