Shutterstock.com

Денеска можеше да се види, иако е познато, колку важен дел од интернетот е Google. Околу еден час пад на системите придонесе да не функционираат повеќето нивни сервиси како YouTube, Gmail, Docs и слични, а корисниците во целиот свет го забележаа тоа и реакциите се едни од поголемите во текот на денот.

Од Google го потврдија проблемот, но не објавија што точно го има предизвикано, а тој веќе е решен и корисниците не би требало да имаат проблем со пристапување до сервисите од оваа компанија.

Сервисите од Google се основа и за доста други сервиси, па забележано беше дека не функционирале одредени уреди од паметниот дом, односно истите не можеле да бидат контролирани преку Google Assistant. Тука е и играта Pokemon Go која имала проблем со функционирање за време на падот на сервисите од Google.

Без разлика на големината на падот, сепак Google Search остана функционален, како и рекламите кои се прикажуваат преку мрежата на компанијата.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаБарајќи крај на забраната за 5G, Huawei велат дека се подготвени да ги прифатат условите што може да ги постави Шведска
Следна статијаНовите Samsung MicroLED телевизори од 110 инчи овозможуваат и до четири различни содржини во текот на гледањето
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.