Фото: Microsoft

Од утре започнува пуштањето на годишната поголема надградба која Windows стандардно ја добива во есен. Како дел од не така малата листа на новости е и една поврзана со безбедноста на интернет преку конечното „пензионирање“ на лозинките.

Ова е нешто што со години е во изработка, а поддршка има од сите поголеми ИТ компании, што значи може да се користи на било која платформа.

Се работи за таканаречените „passkeys“ кои овозможуваат најава на сервисите, апликациите, системите без лозинка, туку само преку потврда на идентитетот на корисникот и некоја од биометриските автентикации кои веќе се користат.

Windows 11 од утре добива целосна поддршка за „passkeys“. Тоа значи дека корисниците ќе можат да креираат вакви клучеви од страните и сервисите кои имаат поддршка за нив, да ги чуваат и користат за најавување.

Поради овој додаток, во Settings > Accounts сега е додаден нов дел „Passkeyes“, преку кој корисниците ќе можат да ги гледаат сите нивни креирани клучеви и да ги бришат доколку е потребно.

Поддршка за креирање и чување на клучеви имаат сите моментално користени платформи, односно корисниците можат да ги креираат на Windows, macOS, Android, iOS, Linux.

Претходна статијаРајан Тедер од „OneRepublic“ со помош на слушалките Galaxy Buds2 Pro ја ремастерираше „Counting Stars“
Следна статијаПрвиот HR.Weekend ги воодушеви сите посетители
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.