Еден од најпознатите авиони во светот, со својата карактеристична „грпка“ на горниот дел, е авионот Boeing 747 кој исто така беше нарекуван Jumbo Jet. Својот прв лет 747 го има во 1969 година, додека официјално влегува во употреба кај авиокомпанија во 1970 година.
Во своето време на постоење Boeing 747 добива неколку изменети верзии, а покрај за превоз на патници, тој се користи и како авион за транспорт, се користеше и од страна на NASA, а можеби најпознатата употреба му е како Air Force One, односно официјален авион на претседателите на САД.
Овој авион, иако сега во главно се користи од страна на транспортните компании, се’ уште се произведува, барем тоа беше случајот до пред некоја недела. Последниот Boeing 747 е испорачан на компанијата Atlas Air, по што авионот ќе продолжи да функционира само на досега испорачаните кои уште летаат.
Последно испорачаниот 747 e 1574ти од своето постоење. Развојот на овој авион е започнато по губењето на тендер од армијата од страна на Boeing.
Во своето време претставувал најголем авион кој може да пренесе околу 500 патници. Најпознат е по својот изглед, односно вториот кат кој зафаќа 30% од должината на авионот, давајќи му ја од надвор препознатливата „грпка“.
Денеска поголемите авиони се прават во нешто поразличен стил, а и користат модерни и ефикасни мотори со што наместо четири, доволни се два за превоз на поголем број на патници.
Исто така, екстра големите авиони веќе не се толку популарни, а тоа можеше да се види од не толку големиот успех на Airbus A380, огромен авион кој беше купен од неколку компании, а веќе и нема да се произведува.