Шест членови на скопскиот клуб „Макпетрол“ викендов ќе учествуваат на турнир од светската младинска карате премиер-лига што ќе се одржи во Пореч, Хрватска. На овој силен меѓународен собир, којшто почнува утре и ќе трае до втори јули, се пријавени 3.193 спортисти од 72 држави.

Претставниците на „Макпетрол“ долго се подготвуваа за ова натпреварување и отпатуваа за да ја проверат својата форма преку соочување со спортисти од целиот свет. Оваа младинска лига е највисоко рангирано првенство од Светската карате-федерација (WKF).

Следните членови на карате-клубот „Макпетрол“ отпатуваа за Пореч: Јована Мицовска (постара јуниорка, У21, -61 кг.), Викторија Јовановска (постара јуниорка, У21, -61 кг.), Стефан Стојановиќ (постар јуниор, У21, +84 кг.), Витомир Трајковски (постар јуниор, У21, -84 кг.), Димитар Лозановски (постар јуниор, У21, -75 кг.) и Данило Божовиќ (постар јуниор, У21, -84 кг.).

На овој натпревар спортистите ќе ги предводи тренерот Петар Заборски.

Претходна статијаApple оваа година ќе ја пушти Communications Safety функцијата за сите корисници во светот
Следна статијаSamsung го воведува SeeColors режимот во серијата телевизори и монитори 2023 за да го подобри искуството за корисниците со слепило за бои