Поранешниот вработен во Microsoft, Alex Kibkalo е уапсен вчера под обвинение дека украл компаниски тајни информации и ги споделил со блогер од Франција. Тајните информации кои што ги има дадено на блогерот се слики и фајлови од тогаш сеуште необјавениот Windows 8 оперативен систем, како и SDK алатката за заштита од кракување на заштитата на оперативниот систем за правење на пиратски верзии. Исто така тој се има пофалено во комуникација со блогерот дека има споделено информации и за Windows 7 оперативниот систем, како и дека се има обидено да влезе во една од зградите на Microsoft и да ископира содржина од одреден сервер.
До информацијата дека вакво нешто се случува од Microsoft доаѓаат преку блогерот, кој што сакал да ја потврди автентичноста на добиените информации, по што е започната внатрешна истрага. Преку истрагата откриена е локацијата на блогерот, како и неговата комуникација со Alex Kibkalo. Од комуникацијата, наводно може да се види дека тој бил свесен дека тоа што го прави е кривично дело.
Причината поради која што се верува дека ги има направено овие работи е лошата оценка за неговата работа што ја има добиено кога сеуште има работено во Microsoft. Според нив, тој тогаш се има закането со напуштање на компанијата доколку оценката не му биде поправена, по што истото го има сторено. Alex Kibkalo пред да ја напушти компанијата во неа има работено 7 години. Тој сега ќе биде изнесен пред федерален суд по што треба да биде докажано наводно дело, а во истрагата е вклучено и Федералното биро за истраги (FBI).
Извор: Seattle Pi