Скопје – Европските истражувачи и индустрии во последните години ја вклучуваат употребата на инсектите или нивните ларви во трансформација на биотпадот или во процесот на компостирање. Со користење на инсектите во овие процеси, може да се направат различни видови на пакувања, козметика, фармацевтски производи и добиточна храна.
„Накратко, инсектите се плодни и репродуктивни, а некои од нив се и брилијантни рециклирачи на отпадот“, изјавила Стефани Баумбергер, професорка по зелена хемија на Парискиот институт за технологија за живот, храна и еколошки науки (AgroParisTech) во Франција. Таа и нејзиниот тим од проектот Zelcor ја искористиле способноста на одреден вид инсекти кои можат да го трансформираат лигнинот, дрвенестиот материјал од ѕидовите на растителните клетки. Ваквите инсекти се познати по тоа што предизвикуваат оштетување на материјалите на зградите и се главен проблем во градежната индутрија.
Лигнинот е главниот материјал кој им ја дава структурата на растенијата. Без лигнин, растението не би можело да остане исправено. Кај дрвјата, лигнинот е особено важен бидејќи дрвото и кората се состојат првенствено од лигнин: тој е крут и не се распаѓа лесно. Тој е релативно неуништлив и затоа е предизвик како да се преработи за да се користи за производството на хемикалии со додадена вредност и одржлива енергија, особено кога се работи за производи од биоотпад.
Проф. Баумбергер изјавува дека: „Отпадот од лигнин е познат како непокорлив бидејќи тојтешко се распаѓа. Во Био-рафинериите, производството на овие меѓупроизводи кои нема да се распаднат е значителен трошок во однос на ефикасноста на нивната работа и на јаглеродниот отпечаток кој го оставаат“. За да се справи со отпадот од рафинериите за лигнин, тимот на Zelcor дизајнира линовативна единица за одгледување на вакви видовиинсекти, запазувајќи ја сложената општествена организација на колонијата, со одржување на нивитеуслови за живот – оптимална температура од 27°C ивлажност од 80%.
Доколку сакате да дознаете нешто повеќе на оваа тема, би можеле на следниот линк: https://phys.org/news/2021-10-destructive-insects-high-value-products-biowaste.html