Фото: Shutterstock.com

Бар-кодовите се дел од сите производи веќе педесетина години и ги сметаме како стандарден дел од пакувањето, обично поврзан со наплатата во маркетите, но не и со некоја корист за купувачот.

Сепак, со години веќе гледаме друг тип на кодови кои на друг начин ги испишуваат информациите, а тие можат да бидат многу поголеми. Таканаречените 2D бар-кодови, еден пример за нив се QR кодовите, можат да овозможат многу повеќе, како за маркетите, така и за купувачите.

Според трендот во неколку земји, се верува дека овие кодови ќе ги заменат старите бар-кодови до 2027 година. Не сме сигурни дали овој тренд ќе го следат баш сите производи, но доколку најголемите тоа го направат, мали се шансите другите да не следат.

Префрлувањето на овој вид на бар-кодови донесува нови можности за маркетите, но за првпат би овозможиле предности и за купувачите. Моменталните бар-кодови можат да содржат мал број на информации и тие во главно се користат за читање на цената на касите.

Новите кодови можат да содржат многу повеќе информации, а купувачите можат да ги скенираат со своите смартфони, па да добијат информации како на пример за состојките на производот, одредени рецепти, каде и како е произведен и многу повеќе.

За маркетите, овие кодови би овозможиле многу подобра организација на производите, додавање на попусти за тие кои се пред крајот на рокот и многу повеќе.

Ќе видиме дали оваа промена навистина ќе се случи во годините што следат.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2Axios
  • ОЗНАКИ
  • QR
Претходна статијаSamsung донесува одржлив и поврзан дизајн на Bespoke уредите на Milan Design Week 2023
Следна статијаSamsung ја започна промената од Samsung Free во Samsung News за ограничен број на уреди во САД
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.