Дали насловот ви поттикнува возбуденост, страв или двете во исто време? Бидејќи еден тим на научници од Универзитетот од Охајо во Колумбус тврдат дека успеале скоро целосно да „израснат“ човечки мозок. Според нив, мозокот е компаративен со мозок на 5-неделен фетус.
Начинот на кој го постигнале ова е преку земање на клетки од кожа на човек. Потоа тие ги претвориле клетките во плурипотентни матични клетки на кои пак им било наложено да се претворат во нервни клетки. Потоа, на специфичен начин (кој научниците сега моментално го патентираат, па затоа не го откриваат) тие успеале да ги изградат нервните клетки во човечки мозок. Мозокот е голем колку гума за бришење.
Мозокот кој го израснале има неколку составни делови кои се исти како и кај нормално израснат човечки мозок, како церебрална хемисфера, `рбетен столб, па дури и очна мрежница. Според главниот научник Рене Ананд, „Не само што изгледа како мозок во развиток, неговите разновидни типови на клетки ги експресираат скоро сите гени како кај мозокот. … Ние се мачевме долго време за да ги решиме сложените проблеми со мозочни болести кои предизвикуваат огромна болка и патење. Моќта на овој мозочен модел добро се носи во врска со човековото здравје бидејќи ни дава подобри и поповрзани опции да тестираме терапевтски решенија, различни од глодари (експериментални глувци; заб.)“.
На овој „мозок“ му требале околу 15 недели за да порасне до ова ниво, но, како што спомнавме погоре, е компаративен со 5-неделен човечки фетус. Тој секако ќе може да се искористи за тестирање на лекови и други решенија кои ќе се обидат да решат многу тешки мозочни болести и состојби на денешницата како Алцхајмерова болест, аутизам и други.
Извор: RT, IFLScience, The Guardian