Сите уреди од најпознатите производители се предмет на шпекулации и „протечени“ информации пред нивното претставување. Сепак Pixel уредите на Google поради некоја причина се уште повеќе цел на, во недостиг на подобар превод морам да го користам странскиот израз, „протекување“, а тоа можевме да го видиме и лани.

Сега достапни три видеа во кои целосно е претставен Pixel 4, па сега веќе имаме точен изглед и претстава за што е тоа што можеме да го очекуваме на 4-ти октомври кога ќе биде и официјално претставен од страна на Google.

Од видеата покрај изгледот, може да се видат и дел од новите карактеристики на Android 10, како што се новиот начин на навигација со гестикулации, како и новата темна тема на оперативниот систем.

Исто така се гледа и најавената карактеристика на екранот којшто треба да има 90Hz стапка на освежување, а на видеото е прикажано како тоа ќе може да автоматски се прилагодува од страна на софтверот. Само оваа карактеристика на Pixel 4 ќе ги направи уредите доста привлечни за голем дел од купувачите.

Едното од видеата на почетокот од оваа статија, а останатите две можете да ги погледнете во продолжение.

ИЗВОРAndroid Central
ИЗВОР 2PhoneDog
Претходна статијаДенес започна првиот Балкански претприемачки самит во организација на Creative Hub и Стопанска комора на Македонија
Следна статијаMozilla почна со тестирање на VPN сервис кој ќе биде достапен преку Firefox
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.